Во насока на подобрување на инфраструктурата и на слободниот проток на луѓе, стока и услуги, на седницата која вчера се оддржа во Тирана помеѓу владите на Македонија и Албанија во Поградец, било разговарано за воведување на еднопасошка контрола на ГП Ќафасан, а Албанија очекува одговор од Македонија и околу можноста за патно поврзување кај Дебар.
-Во интерес на туризмот планираме да ја поедноставиме процедурата на ГП Ќафасан со воведување на еднопасошка контрола, како и подобро искористување на природните и културни вредности и статусот на регионот како заштитено подрачје на УНЕСКО во функција на економски развој. Исто така добив гаранции од премиерот дека македонската страна ќе работи на изработка на физибилити студија за влијанието врз животната средина на патот кој треба да ги поврзе двете земји кај Дебар, врз националниот парк „Маврово“. – рече премиерот на Албанија Еди Рама.