Забраната за продажба на алкохолни пијалоци после 19ч односно 21ч. во месеците Мај- Септември како предлог закон од страна стопанската комора на Македонија и здружението на стопанственици, е доставена до владата и се очекува, по одобрување од владата овој предлог закон да помине во собраниска процедура.
Од владата најавуваат дека оваа иницијатива ќе биде поддржана со оглед на тоа дека забраната која стапи на сила некаде 2007 година не ги дала посакуваните резултати.
Исто така со ова најавено е и дека продажбата на алкохолни пијалоци ќе се врати и на трафиките и бензиските пумпи.