Ќе се потпише Меморандум за разбирање со Меѓународната финансиска корпорација со цел поконкурентна економија

На денешната 140-та редовна седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за финансии на Република Северна Македонија, Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC), и го задолжи Министерот за финансии, Драган Тевдовски, да го потпише Меморандумот за разбирање со Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC).

Меморандумот, кој ќе биде потпишан за време на годишните средби на Холандската конституенца на Групацијата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, односно на 21.06.2019 година, има за цел развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа.

Овој проект е значаен регионален проект чија цел е подобрување на конкурентноста на фирмите во процесите на креирање на додадената вредност во лесната индустрија (синџир на добавувачи) во земјите во Југоисточна Европа, како и поттикнување и зајакнување на нивното вклучување во синџир на добавувачи на Еврозоната и регионот.

Овој проект се очекува да придонесе за економски раст и да го поттикне отворањето на работни места во регионот на Југоисточна Европа преку обезбедување на поконкурентни, интегрирани и производи со поголема додадена вредност на домашните компании.

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Договорот за соработка во врска со реализација на проектот ХЕЦ Чебрен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација, кој доаѓа како резултат на Рамковниот договор за соработка за развој на инфраструктурни и енергетски капацитети преку моделот на јавно приватно партнерство (ЈПП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e