Ќе се подобрува функционирањето на Проектот „Отворање на Народни кујни“

Владата на седницата ја разгледа информацијата за модели за подобрување на функционирањето на Проектот „Отворање на Народни кујни“, и да го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги продолжи активностите за подобрување на состојбата за добивање на топол оброк за најранливите категории на граѓани и редовно да ја информира владата за овие мерки.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ja разгледа и информацијата за утврдување на мерки за времено згрижување на затекнатите лица под Кале и го задолжи министерството преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, времено да ги смести затекнатите лица. Исто така, Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да обезбеди задолжително вклучување на сите сместени лица во Програмата за поддржаното живеење, преку која на сместените лица ќе им се помогне да добијат адекватни услови за престој, различни форми и содржини на работа за стекнување на животни и работни вештини, со цел да бидат оспособени за самостојно живеење и интеграција во социјалната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e