Ќе се печатат нови ромски граматики и македонско-ромски речник

Имајќи предвид дека Република Северна Македонија е пример во регионот во однос на заложбите за подобрување на состојбата на Ромите, Владата преку Генералниот секретаријат ќе отвори повик за печатење на дополнителни изданија на граматиката на ромски јазик и речник на македонски –  ромски јазик. Oва беше порачано на вчерашната редовна седница на Владата.

Согласно Стратегијата за Роми 2014-2020 еден од постулатите на овој документ, како и една од приоритетни цели од истиот е развој и промоција на ромската култура, јазик и традиција. Печатењето на овие две публикации директно ќе придонесат кон реализација на оваа цел. Речникот на македонски –  ромски јазик од 800 страници ќе биде отпечатен во 500-тини примероци, додека граматиката на ромски јазик од 300 страници – во 1000 примероци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e