Денеска, на јавна седница, Апелацискиот суд ќе ја разгледува жалбата од Сашо Мијалков за неговиот притвор.
Мијалков, на 3 ти Март, беше осуден на 3 години затвор заедно со претседателот на ДПА, Мендух Тачи кој доби казна затвор од 3 години и 2 месеци, а осудени беа и членовите на ДИК, Бедредин Ибраими, 4 години и шест месеци и Анета Стефановска, Сашо Срцев, Влатко Сајковски, кои добија по 3 години затвор.
Пресудите се однесуваа на незаконското поништување на гласањето за локалните избори во Струмица 2013 година.
Мијалков и Ибраими, веднаш по изрекување на пресудите беа однесени во Шутка.