“Очекував конкретна изјава од Мицковски за учеството на неговите општински комитети во организација и јавното омаловажување и заканите пред домовите на пратениците на СДСМ – колеги на неговите пратеници во Собранието на РМ.
Во вчерашната негова изјава не само што не ги осуди настаните и насилството, туку по примерот на неговиот претходник Груевски, со големо “НО”, бараше оправдување за “народот што демократски протестирал” и го обвини Зоран Заев за некакви манипулации со јавноста.
Јас верувам и знам дека многу членови на опозицијата не се согласуваат со хушкањето и поттикнувањето на омразата и подлите потези на Никола Груевски кој кумуваше и инспирираше “демократски упад во Собранието”, терор и обиди за убиства зад превезот на некаков нивен смисол за патриотизам и македонштина.
Јас сум убедена и знам дека многу мои колеги од опозицијата се згрозени од тоа што го гледаат и слушаат, и трпат закани доколку помислат да покажат поинакво однесување од груевистичката матрица.
Ако сака Мицковски и неговата партија да покажат дека навистина се државотворна партија како што и самиот изјави вчера, нека биде спремен да ја преземе и одговорноста за сите последици од дивеењето на неговите комитети кои се кријат зад локални силеџии, ситни крадци, навивачки групи, ќосенца, утки, чавки и др.
Другари, чувајте си го мирот, свеста и соживотот со вашите комшии и браќа, зошто патриотизмот не е чкорче што гори за 20 секунди, туку извор на живот за 20 ваши поколенија од сега па во иднината која сакале-несакале родени сме на ова парче земја да ја делиме заедно и со тие на кои им порачувате смрт, погреби и гасни комори! “, вели Ременски.
Во продолжение вибер комуникацијата која Ременски јавно ја објави: