Поранешниот премиер не сакаше да ги образложи двете причини поради кои бара судија да му го одложи одењето во затвор. Едната поврзана со пратеничките обврски, а втората со докторатот кој го одбрани во јули, на економскиот факултет. Oдбраната потврди дека и двете произлегуваат од неговите професионални ангажмани и практично се опфатени со четвртиот услов во законот за извршување на санкции, според кој:
„Осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета.“
Детално образложените барања на Груесвки во кои го гледа спасот од затвор, се испратени денеска по пошта, како препорачана пратка. За 24 часа треба да се најдат во рацете на судијата за извршување санкции Пајазит Пајазити. Тој потоа има 3 дена рок да одлучи и доколку Груевски не е задоволен од одлуката, може истото барање да го прати и до Кривичен совет.
Дали Никола груевски е недостоен за вршење на пратеничката функција , откако е правосилно осуден на две години затвор, ќе одлучува собраниската комисија од утре, во наредните две недели. Писмото од судијката Добрила Кацарска во која е напишана двегодишната казна затвор, преку Талат Џафери, денеска стигна до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Уставот предвидува дека за одземанје на мандат за дела под 5 години затвор потребно е дво третинско мнозинство. Засега нема најави дека 80 пратеници се договорени да изгласаат одземање на мандатот на Никола Груевски.
Независно од собраниската одлука, пресудата за случајот Тенк за Груевски е правосилна, а ако не биде донесена поинаква одлука, екс премиерот е покане на 8 ноември да се појави во затворот во Шутка.
Извор: 24ТВ
