Китев: ВМРО-ДПМНЕ намерно не дојдe во пленарната сала за да ги блокираат реформските закони

Бетиане Китев, пратеникот од редовите на владејачката СДСМ на денешната дебата во емисијата Топ Тема, изјави дека пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ иако биле присутни во Собранието, намерно не се појавиле на пленарната седница каде на дневен ред беа законот за минимална плата и законот за обештетување, се со цел да нема кворум и да не бидат изгласани овие закони.
Според Китев ова е лош сигнал од страна на најголемата опозициска партија бидејќи законите се поддржани и од нивна страна и се од од интерес за граѓаните.
„Денешната седница беше одложена од причина што 20 пратеници беа отсутни од кои 10 на службен пат во редновите делегации на Собранието. На сите комисии кои беа закажи опозицијата учествуваше но одби да влезе во салата кога требаше да почне пленарната седница. Тоа е лош сигнал бидјеќи не станува збор за закони за кои имаме различно мислење. Не присуствуваа ниту пак кога се збореше за изборниот законик ниту пак за родовата рамноправност во избирачките листови. Од нивен интерес е да учествуваат и да кажат дека биле дел од носењето на тие одлуки“,вели Китев.

На денешната пленарна седница иако во Собранието беа приајвени дека на работа се дојдени 91 пратеник, во салата се појавија само 57 додека за кворум се потребни 61 пратеник. Пратениците од владејачкото мнозинство тврдат дека утре ќе пристигнат голем дел од пратениците со што ќе се обезбеди кворум за изгласување на законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e