Китев: ВМРО-ДПМНЕ бара прекин на сите процеси кои ги започна СЈО

Фокусот во изминатиот период беше ставен на случувањата врзани со датумот за почеток на преговори и Европскиот совет. Во меѓувреме интензивно преговараа преставниците на сите политички партии за носење на консензуално решение за законот на ЈО. но за жал поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ не можеме да кажеме дека сме дошле до консензус, рече пратеникот од СДСМ, Бетиане Китев на телевизиската дебата во емисијата Топ тема.

-Сите политички партии и меѓународни преставници прстот го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ, се надевам дека од оваа партија ќе смогнат сили да заземат јасен став по ова прашање и конечно да го заокружиме. Носењето на овој закон е неопходно поради доброто функционирање на правосудството во државата, вели Китев.

На ова пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска изјави дека незадоволството кај нејзината партија е тоа што владејачката СДСМ ветила дека ќе има јавен обвинител по предлог на опозицијата но тоа се уште не е остварено.

-Стратвувате дека се појавија процеси кои не ги планиравте како Рекет 1 и Рекет 2. СЈО не го оправда нејзиното очекување. Тука влеговте во една летартгија за ова законско решение, вели Пешевска.

Пратеникот Китев реплицираше велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ констатно бараат прекин на сите процеси кои се започнати од страна на Специјалното јавно обвинителство и дека тоа е главната причина поради која се противат на носењето на законот за Јавно обвинителство.

-ВМРО бара сите процеси да прекинат кои ги започна СЈО, тоа е главната причина зошто сме во оваа ситуација.Вие гласавте за Катица Јанева во Собрание. Вие сте исто така за фузирање на СЈО со ЈО, прашањето е што со предметите од СЈО. Доколку сакате да продолжат ајде да гласаме за законот, вели Китев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e