Китанов на Фејсбук: Падна првиот асфалт на експресниот пат Штип-Радовиш

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов на својот профил на фејсбук објави фотографија од експресниот пат Штип-Радовиш, под која напиша “Падна првиот асфалт на експресниот Штип Радовиш”.

штип радовиш

Камен – темелникот за отпочнување со изведба на експресниот пат Штип–Радовиш беше поставен на почетокот од јуни 2018 година.

По новиот експресен пат ќе се вози со максимална брзина до 110 километри на час, со по една коловозна лента од 3,5 метри и една лента за застанување од 2,5 метри во секој правец. За прв пат во Македонија, изведувачот на градежните работи ќе има обврска да го одржува новиот пат во период од 5 години по завршувањето на неговата изградба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e