Кирацовски: На оваа веб страница dzm-mioa.mk пријавувајте притисоци и злоупотреби, ќе одговараат

Почитувани граѓани, вработени во јавниот сектор, претставници на медиумите,

Слободните, фер и регуларни избори се наш заеднички императив!

Сите заедно мора да направиме се’ предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните.

За таа цел, цврсто сум решен да ги заштитам вработените во државната и во јавната администрација од притисоците, уцените, заканите што се вршат врз нив повеќе изборни циклуси досега, за лични и партиски цели.

Порачувам на секој кој има намера тоа да го прави, да не се осмели, бидејки кривично ќе одговара!

Денеска сум овде да ја најавам веб страната: dzm-mioa.mk, како еден од чекорите што ги преземам.

Преку веб страната, сите вие кои сте вработени во јавниот сектор, можете јавно или анонимно да пријавите проблем, злоупотреби, неправилности, нерегуларности поврзани со изборниот процес, но и да се информирате за сите прашања поврзани со вашата работа.

Ги продолжуваме и личните контакти и комуникацијата преку мојата канцеларија во Министерството за информатичко општество и администрација.

Строго ќе биде санкциониран секој кој ќе се дрзне да спроведува тесно партиски интереси преку злоупотреби на вработените.

Слободни, фер и регуларни избори се врвен приоритет за нас граѓаните и за иднината на Република Македонија,

Ве повикувам заедно тоа да го обезбедиме. – изјави Александар Кирацовски, дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e