Кирацовски: Апелирам за сериозност во Парламентот, оценувањето мора да се одложи!

Прес конференција, М-р Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за администрација и информатичко општество.

Апелирам, бидејќи денеска во Собранието на Р. Македонија е иницијативата што ја покренав за одложување на оценувањето на администрацијата, преточена во измени на закон:

Сите пратеници, и од власта и од опозицијата да го прифатат Предлог законот за изменување на законот за административни службеници!

Пратениците ги претставуваат граѓаните и тие се должни да работат во нивен интерес.

Во овој момент, нема поголем интерес за граѓаните на Македонија, од регуларен предизборен и изборен процес.

Порачувам дека секој глас против овој закон од страна на пратениците, ќе биде глас за партиски притисоци врз администрацијата од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Посебно што оценувањето треба да се спроведе до крајот на декември, значи токму во предизборниот период и посебно што шефови и раководители од власта го имаат главниот збор со кој службеникот треба да биде избркан од работа или казнет со намалена плата за период од половина година.

Ова е недозволиво и спротивно на заложбите за фер, регуларни и кредибилни избори.

Повикувам на сериозност во Собранието на Р. Македонија и одложување на оценувањето до крајот на 2017 година! Дотогаш ќе се направи широка јавна расправа за тоа како да имаме мотивирана, а не казнувана администрација.

Притисоци, закани, уцени врз вработените во администрацијата не дозволувам!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e