На вечерашната трибина на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски пред граѓаните на општина Аеродром, зборуваше новинарот Томислав Кежаровски.
-Новиот претседател не може да биде со товарите на Ѓорѓи Иванов, како што не може да биде ни некој од симболите на владеењето на Никола Груевски. Гордана Силјановска-Давкова, со сиот мој респект кон неа како универзитетски професор и пред се како жена, добивам впечаток дека таа не е против кандидат, имам чувство дека е само претставник на злосторничкото здружение против Македонија. Патем, од тука сакам да и порачам дека, кој ќе влезе во канџите на криминалните структури, ги губи сите квалитети, рече Кежаровски.
Тој присутните ги потсети на една своја репортажа која ја има напишано во 2001г а која се однесувала на тогашниот портпарол на МВР, Стево Пендаровски, со наслов “Убавото лице на македонската полиција” и истата била прогласена за една од трите најдобри во Утрински весник.
Кежаровски тогаш напишал дека Пендаровски не го карактеризира колебливост, туку решителност и магичност, дека е маркантен, креативен и беспрекорен. Човечен и полн со оптимизам. Човек, слободоумен на кого може да му се верува и кој заслужува доверба.