Кекеновски: „Боксеров“ и театарски статист не реагираше вака при амнестијата на хашките случаи

Овој „боксеров” и театарски статист не реагираше вака кога амнестираше терористи и кога преговараше за тиранската платформа. Бајаги задоцнил со глумење патриотизам и покажување сила, реагира претседателот на здружението Фродем Јове Кекеновски на денешниот настап на пратеникот Никола Груевски.

Кекеновски и внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, кои настапуваат како фракција во партијата ги повикаа сите пратеници да поднесат оставка на функцијата пратеник, а истото да важи и за останатите од партиската листа. „Во спротивно ќе бидат пасивни соученици кои придонеле за разградување на државата, а не презеле ништо“, коментираат од ФРОДЕМ и внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ – фракција во партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e