Нови 644 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, покажува статистиката на Министерството за внатрешни работи.
Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.