Катица не направила операција за слабеење!

Шпекулации се написите во медиумите дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред неколку денови направила операција за слабеење со вградување прстен за подврзување на желудникот, дознава и пренесува порталот Либертас од лекарски извори.

Јанева поднесе оставка од челната позиција на СЈО практично во истите часови кога започна апсењето на главните актери во акцијата Рекет, Јовановски и Милески.

Јанева, која од моментот на избивање на скандалот се нема појавено во просториите на СЈО од каде вчера официјално потврдија дека им јавила дека од 16-ти овој месец е на боледување, без објаснување за каква болест се работи, повикувајки се дека е тоа сепак приватна работа.

Иако засега за неа обвинителството за организиран криминал нема покренато предистражни дејства, неа и беше направен претрес во домот и и беше одземен едниот телефон а другиот рекла дека го изгубила.

Обвинителката Рускоска која го води случајот Рекет ги истражува контактите со првообвинетиот Боки 13 со кого таа јавно ги објавуваше пријателските врски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e