Катица Јанева уапсена дома

По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, МВР ја уапси специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдија од обвинителството. Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластуваањата.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера по повеќе од четири часа распит, со насмевка излезе од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што даваше исказ за истрагата „Рекет“. Јанева потврди дека во обвинителството била повикана во својство на сведок.

Ова уследи ден откако беше сослушана за случајот „Рекет“ вчера во присуство на адвокат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e