Катица Јанева: Моите сведоци стравуваат за својот живот

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, потенцираше дека неопходен законот за сведоци согласно кој ќе и овозможи сама да одлучува кој ќе биде сведок со прикриен идентитет и непознат за јавноста.

„Се плашат за себе и за своите семејства, од целото опкружување во кое живеевме досега. Не се сите спремни да бидат повикувани од разни органи и институции откако ќе бидат повикувани во СЈО. Ние имаме различни профили на сведоци“ – истакна Јанева.

Јанева говореше во рамките на вечерашната ЏЕФ дебата која се одржа во просториите на ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, организирана од здружението Европски млади федералисти на тема „Го следиме ли Прибе: Какво обвинителство и е потребно на Македонија на патот кон ЕУ?“

Одговарајќи на новинарско прашање, таа откри дека голем број сведоци во случајите кои ги води против поранешната власт, стравувале за својот живот и безбедноста на нивните семејства.

Извор: телевизија 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e