Лидерот на БЕСА, Билал Касами, во интервју за „360 Степени“ го коментираше повикот од Зијадин Села за заеднички изборен настап на Алијанса на Албанците, Алтернатива и БЕСА.
Тој најпрво кажа дека е рано за предизборни коалиции и дека Движењето Беса допрва ќе гради официјален партиски став, но подоцна ја отвори можноста, најпрво за коалиција само со Алијанса за Албанците.
„Ако продолжиме да праќаме покани за коалиции пред изборите по емисии, тогаш дозволете ми и јас да ја искористам приликата од вашата телевизија да апелирам за проширување на играта, да ги поканам сите опозициони и владејачки партии, освен ДУИ, да направиме албанска платформа за да се донесе промена кај Албанците, како што дојде кај македонскиот дел во 2016 година. ДПА, Алијанса, Алтернатива, НДП, Унитети, сите интелектуалци, целата дијаспора и активистите на дијаспората, целиот опозиционен спектар за да ја направиме оваа промена и на Албанците од Македонија да им понудиме опција која ДУИ еднаш засекогаш ќе ја однесе во опозиција и кај Албанците ќе донесе промена каде достоинствено ќе бидат претставени во државните институции“, рече Касами.