Касами се сретна со Заев: „Бомбите” да бидат докази

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, денеска се сретна со премиерот Зоран Заев, а тема на состанокот беше продолжувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Денес ја истакнавме нашата позиција до премиерот. Ние како Движење БЕСА го поддржуваме функционирањето на СЈО со сите свои капацитети. Нагласивме и дека прислушкуваните материјали треба да останат валидни и да ги заклучиме сите случаи што произлегуваат од следењето на комуникациите. Ги дадовме нашите предлози и очекуваме да се прифатат како амндмани. Сакаме „бомбите“ да бидат искористени како докази, рече Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e