Амела Цана е новата директорка на Стоматолошкиот клинички центар, додека Христијан Дума ќе раководи со Очната клиника, неофицијално дознава „Фокус“.
Според информации на неделникот, Цана имала претходно работно искуство во Фондот за здравство.
Овие смени на директорите на неколку скопски клиники доаѓаат, откако од функциите се повлекоа директорите поставени од Алијансата за Албанците, кои беа коалициони партнери со СДСМ.
Жан Зимбаков е поставен за нов директор на Клиниката за кардиологија. Зимбаков раководи со второстепената комисија за лекување во странство и доаѓа на местото на Беким Поцеста од редовите на Алијансата за Албанците.