Каракамишева го повика Иванов во последните два дена да ги помилува осудените за „крвавиот четврток“

Професорката на правниот факултет, Тања Каракамишева, која беше претседател на Комисијата за политички систем во ВМРО-ДПМНЕ, јавно го повика претседателот Ѓорге Иванов пред заминување да даде амнестија за осудените за 27 април.

-Претседателе Иванов, имате уште два дена да ја исправите историската неправда кон уставобранителите.

Имате полно уставно и законско право да ги ПОМИЛУВАТЕ.

Вашето евентуално ново помилување, како и сите до сега извршени помилувања кои Вие под притисок на меѓународниот фактор ги повлековте, согласно меѓународното кривично право се неотповикливи и апсолутни.

И Вие и сите правници знаат ДЕКА ЕДНАШ ДАДЕНО ПОМИЛУВАЊЕ Е ЗАСЕКОГАШ ДАДЕНО ПОМИЛУВАЊЕ!

НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕНО, НИТУ ПОНИШТЕНО ДАДЕНОТО ПОМИЛУВАЊЕ! – наведува Каракамишева во својата објава на ФБ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e