„Деновиве ги ископав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Северна Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари.“, објави на Фејсбук бугарскиот министер за надворешни работи Красимир Каракачанов.
Повеќе од 120.000 граѓани на Република Северна Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори. Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги објави, физички и на Интернет, сите оние кои имаат право на глас – живеат на нејзина територија, пишува Каракачанов.
Каракачанов ги издвојува имињата: Александар Николоски, Антонио Милошоски, Александар Пандов… Знам дека на многумина не им е лесно јавно да се откриваат и јавно да се декларираат како Бугари, но знам и затоа што некои од нив ги познавам лично, дека тајно ја сакаат Мајка Бугарија и сонуваат, како што рече големиот водач на ИМРО Тодор Александров, „обединување на целото бугарско племе“, напиша Каракачанов.