Пред почетокот на фестивалот „Браќа Манаки“, министерката за култура оствари кратка средба со годинешниот лауреат оскаровецот Џон Сил, кинематографер од Австралија кому беше врачена „Златна Камера 300“ за животно дело.
Се сретна и со Клер Пијман соработничка на холанѓанецот Роби Милер, исто така добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и со Федон Папамихаил, годинешен добитник на специјална „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Тие од Канческа-Милевска добија пригодни подароци, Пеперутка во рамка и издание од книгата „Прекрасна Македонија“.