Канческа Милевска ќе биде координаторка на пратеничката група на исклучените од ВМРО ДПМНЕ

Осумтемина опозициски пратеници, кои минатиот петок гласаа за пристапување кон уставни измени, денеска попладне до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група, објави ТВ24.

Џафери рече добил поединечни известувања од овие пратеници, дека тие во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници.

Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група. Според неофицијалните информации, координатор на новоформираната пратеничка група ќе биде пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e