Канал 5 го изразува своето чудење за неоснованото соопштение во кое има обвинување и клевети врз основа на неосновани и измислени факти. Пратеникот Ферид Мухиќ е потпишан како НЕЗАВИСЕН пратеник, а не експерт, како што инсинуира ВМРО ДПМНЕ.
Затоа, обвинувањата и реакцијата за К5 од ВМРО ДПМНЕ се неосновани и смешни.
Шокантно е обвинувањето дека е направена наместена анкета со обезбедување лица кои ќе ги изедначат сите политички чинители во изминатите 26 години. -се вели во реакцијата на оваа телевизија.