Денеска се постави камен темелник за изградба на зграда со станови за припадници на Армијата на Република Македонија, како дел од проектот „АРМ – мој вистински дом“.
Право да аплицираат за овој стан имаат припадниците на АРМ, а отплатата на станот би била на 20 години со 20% учество.
Во последните години армијата се соочуваше со низа проблеми како на пример искината облека и кондури, искршени кревети, кебиња од ЈНА и слично, а сега добиваат станови. Колку е ова реално останува да се види.
За поврзани вести продолжете надолу