Пратеничката на СДСМ од последниот парламентарен состав, Снежана Калеска-Ванчева, во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека моменталната здравствена состојба е загрижувачка за сите, но дека сите протоколи и препораки на здравствените власти во државата биле навремени и соодветни.
“Сите не загрижува оваа состојба со овој повторен наплив на новозаболени, но секако не можам да се согласам дека има пропусти и дека здравствените власти лошо се справуваат и дека Комисијата за здравство има погрешни протоколи и препораки. Јас сметам дека ние како држава од самиот почеток ги преземавме сите мерки коишто треба да бидат преземени и кои се пропишани од СЗО за да се справиме со нешто што претставува светска пандемија. Никој не очекуваше дека толку брзо ќе се зголеми бројот, но мора да си признаеме дека кај нас имаме граѓани кои не ги почитуваа мерките и до скоро не веруваа дека имаме работа со сериозен вирус кој може да биде кобен” – изјави Калеска-Ванчева.
Запрашана кој ќе биде фокусот на програмата на СДСМ за претстојните избори, Калеска-Ванчева со став:
“Понудата на СДСМ за овие избори е всушност продолжување на понудата што СДСМ ја имаше во 2016 година. Добар дел од таа понуда беше реализиран, е еден дел не се реализираше заради објективни причини. Она што ќе биде најголем фокус на оваа програма е економскиот развој бидејќи ние клучните и најтешките прашања ги затворивме, а со тоа ги отворивме вратите за да можеме да одиме понатаму. Конечно константната политика на СДСМ дека секој граѓанин е важен и треба да има достоинствен живот и да прима достоинствена плата за она што го работи, во следниот четиригодишен период треба да се оствари во целост и тоа е дел од нашата програма. Минималната плата треба да биде покачена за 40% до крајот на мандатот. Предвидено е и покачување на просечната плата за 30%, но и сет мерки кои ќе значат поддршка како за домашните, така и за странските компании. Особено внимание ќе се посвети на дигитализацијата, образованието, инфраструктрата, екологијата и др. Во 21 век е недозволиво да имате политки кои не ја третираат екологијата на вистински начин. Исто така, 300 милиони евра ќе бидат издвоени и уште 300 милиони евра ќе бидат обезбедени од кредити за поддршка на домашни и странски претпријатија” – додаде Калеска-Ванчева.