Каламарас: Оваа појава од денес датира една до две недели наназад и е резултат на непочитувањето на мерките

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, д-р Патриција Каламарас, раководител на Одделението за инфективни болести и координатор за Ковид-19 во Градската болница “8 Септември”, со коментар дека ескалацијата на коронавирусот е загрижувачка, а најопасна категорија од популацијата е онаа која не верува дека вирусот постои и со тоа ги става во опасност сите околу себе.

“Нaјмногу ме плаши оној дел од популацијата кој сè уште го негира постоењето на овој вирус, меѓутоа тоа трае сè додека некој од нивната фамилија не се позитивизира и потоа стигнуваме до состојба во која се соочуваме со тешки болни. Нашата идеја не е да ги плашиме луѓето, далеку од тоа, меѓутоа би апелирала на разумно однесување и да се сфати дека ова не е измислена работа и треба да се приджуваме кон мерките затоа што оваа нова појава која ни е во ескалација не е како резултат од пред ден-два бидејќи сите знаеме дека вирусот има подолга инкубција, па би кажала дека оваа појава денес датира една до две недели наназад и е како резултат на непочитувањето на мерките. Здравствените работници севкупно и сите заедно се бориме веќе три месеци против овој вирус и нашите снаги ослабуваат. Не е во прашање само физичката сила, туку и психичката снага бидејќи се судруваме со многу тешки трагедии кои се случуваат во моментов. Колку и да се трудиме на некои пациенти навистина не можеме да помогнеме.

Има дел од популацијата кои се обидуваат да сокријат ако има заболен некој во самата фамилија што е потенцијален кластер и потенцијална можност за зараза на популацијата. Откога тие ќе се разболат тогаш сфаќаат, на пример имав случај на пациент кој имал контакт со друг заболен позитивен и знаел дека е заболен, се изолирал сам и чекал да помине болеста сама по себе. За жал, тој пациент заврши трагично” – истакна Каламарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e