Калајџиев: Новиот предлог на законот за ЈО претставува завршен чин на затворање на СЈО

Се убедував подолго време да укажам дека текстот за законот за јавно обвинителство треба да се извлече од рацете на политичките партии кои се пазареа и направија еден куп проблеми, и да се врати назад на експертско ниво со определни насоки, вели универзтитетскиот професор, Гордан Калајџиев.

-Верзијата која беше изготвена од пред 1 година беше изготвена врз основа на стратеигијата и се одеше на тоа да се продолжи мандатот на СЈО. Тоа беше неопходно бидејќи секоја власт си носи свој обвинител кој не ги гони нив туку тие што паднале од власта. Министерството сега понуди своја верзија зад која што никој не стои, но и нема јасен концепт. Го зема фактот на затворање на СЈО како завршен чин, се нудат решенија каде се враќа ситуацијата како порано, да опстане обвинителството за организиран криминал, кој ќе има поголема автономија само во финансирањето. Суштински автономијата во целост се угушена. Се гаси и идејата за сопствени истражни центри, и сега повторно ќе оди преку МВР, која е исто така политичка институција каде првично е заштита на партиските интереси отколку борба со криминалот, вели Калајџиев.

Универзитетскиот професор вели дека министерството за правда ќе ја покрене оваа верзија на законот како експертска, а во суштина работната група, како што вели Калајџиев, добила можности само во еден даден концепт да направи мали поправки на тие членови.

-Тоа е не прифатливо. Ниту една институција нема мандат да го затвори СЈО, ниту министерсвтото за правда не може да ја укине стратегијата која е помината на влада и за неа се расправало, вели Калајџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e