„Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Наредните денови следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во среда ќе настапи преодно стабилизирање, а во четврток и петок на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град“, информираат од УХМР.