Се повеќе се зборува за некакви договори и префрлања на пари помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Откако членовите на партија кажаа дека Димитриевски направил договор за да ги купи нивните гласови, на социјалните мрежи се огласи и Бобан, братот на Тони Михајловски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој сподели карикатура на која го има ликот на Максим Димитриевски, држен од Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Елена Божиновска носителка на листата на советници и нејзиниот сопруг Игор Божиновски. Тие го држат Максим за да не го нападне лицето, кое наводно, ги зело парите за гласовите на Димитриевски.
Раздорот во ВМРО-ДПМНЕ Куманово очигледно е голем, бидејќи на социјалните мрежи се појавија и коментари од Тони Михајловски, во кои тој обвинува дека првите луѓе од неговата партија во Куманово, пред изборите работеле за Максим Димитриевски.

Претходно се појави аудио снимка на која се слуша лице од советничката листа на Максим Димитриевски како договара купување на гласачи, за кои плаќаа по 500 денари од глас, плус по 500 денари за лицето кое ги обезбедува гласовите.
