Кај кого се падна паричката во семејството Заеви?

Паричката оваа Бадникова вечер се паднала кај премиерот Зоран Заев.

Неговата ќерка Александра Заева сподели фотографија на Инстаграм, на која премиерот Зоран Заев ја покажува паричката што му е паднала во лепчето.

zoki

Според верувањата паричката на премиерот ќе му донесе среќа и бериќет во текот на целата година.

Инаку Заев во денешната честитка посака да се исполниме со радост и надеж и да ги празнуваме Бадник и Божик како одговорни граѓани на безбеден начин без при тоа да ги загубиме меѓусебната љубов, блискост и поврзаност.
„За многу години Бадник, празникот во предвечерието на големиот христијански ден Божик – рождество Христово.
Денеска сите патишта водат кон домот за да се собереме во семејствата со најблиските и сите заедно да ја слушнеме ангелската песна и зборовите „Слава на Бога во висините и мир на земјата“, во добрата вест што го најавува раѓањето на Богомладенецот Христос. Честит Бадник!“ – порача Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e