Каевски на ТВ 24: Булеварите, улиците и мостовите се потврда со какви вредности носиме напредок

-Бидејќи се наоѓаме во фаза на локални избори за Градот Скопје, 40 булевари и улици реконструирани, 4 нови булевари, два нови моста коишто во моментов се градат и тоа покажува за каков напредок оваа Влада и за какви принципи и вредности се залага. Факт е дека преку бројките покажува дека оваа Влада придонесе да има економски развој во државата и токму затоа ние како ,мнозинство односно како политички парии коишто се мнозинство во Парламентот, добивме легитимитет на парламентарните избори да ја водиме оваа Влада, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во емисијата 24 Анализа на телевизија 24.

-Во делот на економски раст и прогрес, минималната плата со Закон е зголемена, нешто што денеска нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје го негираше и нивниот носител на листа за Град Скопје, кога го носевме законот да се зголеми минималната плата во нашата држава, велеа дека ако се донесе тоа ќе има зголемен број на невработени во нашата држава. За денеска, после една година да видиме дека невработеноста е на рекордно ниско ниво од 15,9 %. Просечната плата во нашата држава е зголемена. Преку 40 градинки се направени во нашата држава, додаде Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e