Кога се работи за Законот за ЈО, опозицијата се обиде да го опструира, истакна Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
„Перцепцијата за правосудството е нарушено години наназад. Целиот процес ќе се подобрува. Мораме да направиме разлика меѓу судската и извршната власт. Вие сте навикнати да го држите судството. Ние покажавме дека никој не влијае кај судиите. Премиерот Ковачевски денес појасни дека ниту имал средба со обвинители и судии. Како политички партии мораме да го оставиме правосудството да делува самостојно, посочи Каевски.
Каевски потенцира дека денес реалноста е друга отколку пред неколку години.
„Сите портали и медиуми покажаа за блиски луѓе до Христијан Мицкоски обвинети за криминалните парцели во делчевско. ВМРО-ДПМНЕ и во минатото призна за „Титаник“, дека во време на власт ја кределе државата и местеле избори, рече Каевски.