Како Социјалдемократската младина во изминатиов период покажавме дека барањата и интересите на младите се наш приоритет. Ги реализираме мерките од програмата за млади и нудиме шанса за секој млад човек. – рече денеска на прес конфернција Дарко Каевски, претседател на СДММ.
Каевски рече дека оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година е со најголем буџет до сега, а опфатот на лица е зголемен за околу 2000 во однос на минатата година. Со програмата Самовработување се опфатени 2076 лица, од кои околу 800 се млади на возраст до 29 години. – вели Каевски.
Ги следиме Европските политики, нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1839 млади лица. За само 4 месеци над 4000 млади луѓе аплицирале за Европската младинска картичка. Картичката е бесплатна, а за младите нуди голем број на поволности, мобилност, информираност и поврзаност.-рече Каевски.
Каевски рече дека после долг период, овој месец на универзитетите се организираат фер и демократски студентски избори, а студентите сами ги бираат своите претставници и постои независност во студентското организирање..
Преку еднакви шанси, слобода на изразување, зголемување на квалитетот на живот, повеќе и поквалитентни работни места, продолжуваме да креираме услови за да ги задржиме младите тука. – порача тој.