Кадриу смета дека нема место за покренување постапка пред Уставен за Законот за амнестија

„Ова е закон донесен во 2018 година и е шести закон кој го носи парламентот. Иницијаторот се повикува на факти и околности: прво поднoсителот е лице лишено од едно уставното право, а тоа е правото на слобода“, вели Уставниот судија Осман Кадриу.

Барањето е на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го оспори Законот за амнестија од 2018 година за „крвавиот четврток“. Чавков беше осуден на 18 години затвор за настаните од 27 април.

Подносителот, вели Кадриу, се повикува од одредбите на член 9, односно дека на нееднаков начин се третираат сите учeсници во „крвавиот четврток“.

– Нема место за покренување постапка, заклучи Кадриу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e