Кадетите што протестираа извршиле кривични дела и затоа не се примени на работа, велат од МВР

Кадетите што денеска протестираа пред МВР не ја поминаа безбедносната проверка и затоа не им е даден договор за работа, велат од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.

„При деталната безбедносна проверка беше утврдено дека 35 кадети што протестираа пред МВР поради тоа што не добиле договори за работа се сторители на крвиични дела и тоа е причината што не се примени на работа. Ова е финална одлука од Министерството, не е нормално да примаме луѓе со кривични дела бидејќи се безбедносно ризични“, објаснуваат од МВР.

Некои од кадетите од генерацијата 2017/2018 година, денеска излегоа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да го изразат својот револт затоа што сè уште немаат добиено договор за работа од Министерствотo, иако, како што велат, успешно ја звршиле обуката за полицајци.

Конкурсот беше распишан за 600 полициски службеници кои ја завршија обуката, но сите не добиле договор за вработување, односно од овие 600 кадети, договор потпишале 565, а 35 останале без договор за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e