Кацарска: Во оваа фаза Иванов нема право да прогласи амнестија

Откако Јавното обвинителство за гонење организиран криминал ја прошири листата на обвинети со организаторите, судијата Кацарска вели дека не знае дали правдата ќе биде задоволена затоа што уште не е запознаена со доказите на обвинителството.

-Ако го работам тој предмет, ако ги имам сите докази од кои ќе може целосно да се утврди фактичката состојба во смисла дека тие го сториле кривичното дело, тогаш тие би биле сигурно осудени и ако се осудени, тогаш можам да кажам – да, правдата е задоволена.

Според неа, претседателот Ѓорѓе Иванов во оваа фаза пред изборите нема право да прогласи амнестија, но како граѓанин на државава и како судија, се надева дека нема да го направи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e