К- 15: Колку пари треба да ви легнат на сметка до крајот на годинава?

До крајот на декември на сметката на секој вработен работодавачот треба да уплати регрес за годишен одмор или К-15 кој и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство.

Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 .

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

K-15 треба да се исплати доколку компанијата има економско-финснсиска можност, но има варијанти за успешноста и затоа треба да се дискутира со синдикатите односно со работниците доколку нема синдикат во фирмата. Бидејќи можат врз основа на завршата сметка, но и со финансискиот план и состојба да објаснат односно образложат дека обврската К-15 може да биде причина за можната загуба или пак за откажување од нови вложувања кои би овозможиле поголеми плати последователно-, велат експертите.

Минималната исплата треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата. Наспроти тоа максималната до 40% од висината на просечната бруто плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e