ЈП „Национални шуми“ и СРШДИ потпишаа декларација за здрави безбедни работни места

Во рамки на Светскиот ден на безбедност и здравје при работа – 28 април, претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика (СРШДИ), Живко Митревски и директорот на ЈП „Национални Шуми“, Јулијана Николовска ја потпишаа декларацијата за здрави и безбедни работни места.

Како што соопштија од Синдикатот, двата социјални партнери со овој чин а во кој се опфаќаат сите вработени во шумарството, уште еднаш ја покажаа својата заложба и посветеност кон зачувувањето на здрави и безбедни работни места, како и нивното унапредување во врска со борбата против пандемијата на вирусот Ковид 19.

Покрај потпишувањето на декларацијата и одредбите од колективниот договор, двата партнери укажале дека обезбедувањето на здрави работни места и заштита при работа останува врвен приоритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e