Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираат Филип Петровски и Ненад Јовановиќ.
Јовановиќ за аферата „Двојник“ и прес-конференциите на Христијан Мицкоски и на Александар Николоски се тенденциозни и дека Николоски не треба да повикува на чест и морал, како што тоа го сторил на прес-конференцијата.
„Во јавност кога повикувате на чест и морал, тука најмалку има. Да потсетам дека Александар Николоски, со тие снимки излезе дека Миле Јанакиески и неговиот шеф посакуваат да се случи сообраќајна несреќа. Некој човек кога бил вклучен во такви состојби од претходниот режим, да повикуваш на ‘монтировка’, на сообраќајни несреќи, а сега да се повикуваш на морал…“, рече Јовановиќ.