Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат алтернатива на Заев бидејќи немаат чувство за реалните потреби на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ треба да се реформира, бидејќи немаат став за ниедно политичко прашање, изјави аналитичарот Ненад Јовановиќ во вечерашното гостување во емисијата„ Само вистина“ на ТВ Канал 5.

„Во последните 12 години земјава беше киднапирана, октроирана во судството, во државната безбедност, итн…
ВМРО-ДПМНЕ нема реално чувство за обичниот човек, немаат соочувство за мали ранливи луѓе, затоа што работат со крупен капитал.

Додека СДСМ имаат чувство за реалните потреби на граѓаните. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималните плати беа 8000-9000, а сега минималната плата е 14,500.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат алтернатива на Заев, бидејќи немаат убод во реалноста“, посочи Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e