Јовановиќ на 24 ТВ: Три години после Груевски сè уште чекаме Мицкоски да излезе и да понуди некаква политичка платформа

Во вечерашното “Отворено студио” на 24 телевизија, Ненад Јовановиќ, аналитичар и колумнист, со свој коментар за обвинувањата на опозицијата дека економските мерки на техничката влада се предизборен поткуп.

“Ако некој каже дека ова е поткуп, тогаш тој некој мора да има факти за тоа. Тоа се мерки кои работат за граѓаните. Се разбира дека одговорноста на Владата е уште поголема за да ја рехабилитира економијата, за да се отворат границите, за да заживееме, да можеме да се сервисираме не само во институционална, туку и во финансиска смисла. Тоа е еден од важните пакети за граѓаните. Што би било ако и тоа им го укинеш? Што би било ако нема такви економски аранжамани? Главната борба и битка ќе биде како да ја рехабилитираме економијата. Којзнае колкави се рецесиите на големите светски економии, а камоли за оваа наша земја која бара да биде вклучена во тие европски и светски текови.

Па нормално е Владата пред избори да излезе со некаква понуда, мора да се види за што се залагаат, како ќе не вадат од криза. Проблемот со економијата не е само проблем на Владата, туку и на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема никаков одговор на овие главни економски прашања, тие ако добро забележав пред два дена на лидерската средба побарале три технички работи и од нив прават политика. Мицкоски ја апстрахирал политиката и вметнал техникалии. Ќе се сложел на избори ако здравствената комисија даде зелено светло, второ ОБСЕ И ОДИХР веќе се јавија и потврдија дека ќе присуствуваат и трето ДИК да се произнесе како ќе се спроведуваат изборите. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која во овој момент не работи со политика, тоа се некои технички луѓе кои имаат некаков технички лидер, тој технички лидер е донесен со уредба или декрет, на сите три или четири изборни циклуси доживеал пораз, никогаш не излегол пред граѓаните да ги тестира своите памет и визија каде сака да оди и нема политичка тежина со која може да излезе и да предлага. Три години после Груевски сè уште чекаме Мицкоски да излезе и да понуди некаква политичка платформа. Наместо тоа имаме сплетки, ујдурми и афери” – истакна Јовановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e