Јоханес Хан: Северна Македонија во мај ќе добие препорака за преговори со ЕУ

Европскиот комесар Јоханес Хан се обрати пред европските пратеници во комисијата за надворешни работи, при што посочи дека Европската Комисија најверојатно ќе препорача преговори за Северна Македонија во мај.

-Во мај ќе ги презентираме извештаите за напредокот за земјите и очекуваме дека врз основа на тоа што ќе го констатираме ќе дадеме препорака за Северна Македонија и Албанија, дека тие треба да влезат во подготвителната фаза на преговорите, посебно после позитивниот развој во Северна Македонија, рече Хан пред европратениците.

Извештајот на ЕК треба да биде објавен на 29-ти мај, а земјите членки би требало да го стават проширувањето на агендата кон средината на јуни на Советот за општи работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e