Јавното обвинителство има цврсти докази за случајот “Рекет”, дознава Centar.mk, а според познавачите епилоготот од објавување на видео снимки кои треба да бидат доказ е обид за да пропадне истрагата за овој случај, а со цел да се спасат видни ликови осомничени во случајот.
Сепак сето ова е неуспешен обид на криминалното подземје да ги сруши институциите, а посебно Специјалното Обвинителство.
Познавачите велат дека таргетот не е Катица Јанева, која е личност која доколку се огрешила како и секој би требало да одговара, туку ова е обид за рушење на Специајлното Јавно Обвинителство кое води серија истраги кои допираат одредени луѓе осомничени за тешки мафијашки зделки за време на режимот.
Објавувањето на видео снимките нема да пречи на истрагата за Рекет, велат познавачите, кои гледаат обид снимките кои наместо да бидат доказ во евентуален обвинителен случај за Рекет, да станат неупотребиливи, а со тоа да се спасат одредени лица од гонење.
Целиот текст прочитајте го на Центар.