Јанкович: Русија и Кина со лажни вести тврдат дека НАТО не е за вас

Со лажни информации членството во НАТО се претставува дека не е добрo за државата. Големите играчи се обидуваат да влијаат врз луѓето за да ги убедат дека државата не е на правилниот пат, изјави во интервју за Радио Слободна Европа, шефот на Канцеларијата за врски со НАТО, Зоран Јанкович.

На прашањето како да се заштити земјава, па и регионот од засилено руско и кинеско влијание, на кое предупреди Американскиот државен секретар Мајк Помпео Јанковиќ вели:

– Ние зборуваме за хибридни закани, се разбира, тие се насекаде во светот, не само во оваа земја, не само во овој регион, но тоа е секако посебен интерес на, ајде да речеме, големите играчи низ целиот свет. Јас можам да кажам дека сигурно, ние ги имаме идентификувано таквите активности, ние ги следиме таквите активности и се обидуваме да се справиме со таквите закани. Ние идентификувавме дека тие се позасилени во различни важни периоди за различни земји, како што беше на пример референдумот, промените на Уставот, или можеби пред избори, во тие периоди ние забележавме дека таквите активности се засилени. – појасни Јанкович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e