Јаневски: За да се одржи туризмот ќе биде потребна соработката на регионот со добри протоколи за патување

Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во вечерашното гостување во “Еурофокус” на Телма телевизија, со прогноза дека алтернативните форми на туризмот ќе станат сè повеќе барани во сезоната што следи, а патувањата на луѓето ќе бидат пократки и во кругот на фамилијата.

“За да се одржи туризмот ќе биде потребна соработката на регионот. На таков начин, Западниот Балкан кога би имал добри протоколи за патување тоа би донело до пазар од 15 до 20 милиони луѓе. Тоа всушност ќе ги спаси и економиите на самите земји. Ние во иднина би требало да се отвораме во туризмот во три фази, а тоа ќе го прави и целиот свет. Прво, да се потрудиме доволно да ги мотивираме домашните туристи да оастанат и да бидеме доволно безбедна дестинација за да можеме да привлечеме регионални гости затоа што многу нешта се изменија со корона-кризата. Ние мораме да функционираме и да имаме каква-таква сезона. Исто така, треба да ги погодиме интересите на туристите, односно што е она што тие ќе го бараат. Нивните патувања ќе бидат кратки, ќе се одвиваат со автомобили, во кругот на своето семејство, ќе одбираат веќе познати дестинации претежно во природа. Сè повеќе и повеќе ќе се бараат алтернативните форми на туризам” – истакна Јаневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e