Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева од денеска најверојатно ќе отвори боледување, пишува МКД.мк повикувајќи се на неофицијални извори.
Од СЈО за 1ТВ велат дека официјално Јанева не побарала боледување. Јанева деновиве не оди на работа. Неа ја заменуваат обвинителките Ленче Ристоска и Емилија Јосифовска кои се нејзини заменички.
Досега, во обвинителството единствено Јанева ги потпишувала сите документе кои излегуваат од СЈО. Ваквата изјава на обвинителката Лиле Стефанова следеше откако СЈО, се огради од постапките Јанева за кои протекоа во јавноста. Обвинителката Ристоска во изјавата потенцираше дека интегритетот на СЈО не е загрозен. Порачувајќи дека дејствата на поединци не ја карактеризираат работата на целата институција.